,,Мало дете преживеало под плоча од 2 тона” – Кучињата намирисаа уште три жртви во Јабланица, спасувачите чекаат подобри услови за да почнат да копаат (ФОТО)
Условите за пребарување на теренот во Доња Јабланица денеска се нешто подобри, дождот престана да паѓа, па спасувачите со полн капацитет ја продолжуваат потрагата по настраданите од страшната поплава и одрон на ова место.
Според Сабахудин Спаховиќ од Сојузната управа за цивилна заштита, покрај припадниците на ФУЦЗ, на терен се и спасувачи со кучиња и членови на тимот ХУСАР од Хрватска. Ова е првиот тим кој беше ангажиран во Јабланица преку меѓународниот координативен механизам за цивилна заштита и Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина.
– Три лиценцирани кучиња сега работат за пронаоѓање на мртви лица на терен. Успеале да ги откријат жртвите. На три места кучето даде сигнал и чекаме да се создадат услови, бидејќи е многу тешко да се приближиме до тие места, да се обидеме со машини и спасувачи да дојдеме до телата на потенцијалните жртви – изјави Спаховиќ за Дневни аваз.
Има многу работи кои спасувачите ќе ги паметат засекогаш кога станува збор за Доња Јабланица, но акцијата за спасување на дете веднаш по катастрофата е особено врежана во сеќавањето на Сабахудин.
– Она што ќе ми остане во сеќавање до крајот на животот, нешто што никогаш нема да можам да го извадам од мојата глава, секако е откритието на мало дете. Жив, под плоча која сигурно тежела два тона. Заедно со мештаните и сите присутни успеавме да го извлечеме детето живо и да го пренесеме до првата медицинска установа. Утрово добив информација дека детето е здраво и дека сè што му треба е обезбедено – додава Спаховиќ.
Целиот регион го поврзува солидарноста, хуманоста и желбата да им се помогне на преживеаните од катастрофата во Јабланица. Со благодарност до сите што помагаат, Спаховиќ апелира дека на спасувачите во моментов им е потребна помош не во работна сила, туку во механизација.
– Не ни треба помош во луѓето, потребна ни е помош во камиони, багери, сè друго што ќе ни биде од корист на терен за да почнеме да ги отстрануваме тешките последици од оваа катастрофа. Во моментот кога ќе дојдеме во ситуација да почнеме да ги чистиме објектите и се друго што имаме овде, тогаш преку медиумите и социјалните мрежи ќе апелираме да ни помогнат со работна сила. Дотогаш ги молам сите за трпение, особено да не одат на пат самоиницијативно, бидејќи така ни создаваат проблеми и нам и на полицијата и на сите други – вели Спаховиќ.