Манасиевски: Ако Филипче преговарал за златна виза за да работи за доктор, како добил златна виза а нема нострифицирана диплома

Поминаа 4 дена откако Филипче призна дека има златна виза за Дубаи и го снема. Филипче го снема од јавната политичка сцена, откако се излета и призна дека поседува златна виза за Дубаи, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче, вели Манасиевски, мисли дека ако се крие и бега од одговори, јавноста ќе заборави за тоа на каков начин ја има добиено златната виза.

„Откако Филипче вчера не ја покажа потврдата за студирање во Дубаи, бидејќи ја нема истата, денес Филипче треба јавно да одговори.

Ако преговарал за златна виза за да работи како доктор, како ја добил златната виза, а нема нострифицирана диплома? Го повикуваме Филипче јавно да одговори, ако преговарал за работа во Дубаи како доктор, и добил златна виза, како го сторил истото без нострифицирана диплома.

Филипче молчи и се крие, СДС веќе не го ни бранат, бидејќи неодбранливото не се брани. Дали Филипче е исплашен од нешто“.

Дополнително праша дали Филипче има страв дека нашите тези за златната виза дека му е добиена на поинаков начин од оној на којшто тој кажува, дека ќе испаднат вистинити.

Оцени дека СДС и Филипче тонат во криминал, дрога и корупција и молчат за потеклото на златната виза за Дубаи на Филипче.