Манев: По убиството на Вања, Палчо запали цигара и го отвори телефонот

„Кога Палчо го уби Вања, јас не бев далеку, само десетина метри. Го видов како ја држи перницата и пука во неа“, го продолжи своето сведочење денеска Велибор Манев, обвинетиот за убиството на Вања Ѓорчевски.

„Потоа извади нов алат од колата и нè натера да ископаме дупка и да ја закопаме. Единственото движење на телото беше кога го стававме во дупката. Копавме околу 20 минути и за тоа време не го поместивме телото на Вања додека не ја ставивме внатре. Додека одевме накај Глуво со автомобилот, Палевски ја чистеше лопатата за да ги сокрие трагите, а Кешишев ги фрли алатите во долината.

По убиството Палчо запали цигара и го отвори телефонот.

„Тогаш видов што се случува на интернет и колкава врева се создаде“, додаде Манев.