Манчестер јунајтед објави заминување на Гринвуд

– Манчестер јунајтед излезе со соопштение за иднината на крилниот напаѓач Мејсон Гринвуд.

Клубот ја заврши внатрешната истрага за обвинувањата против играчот.

– Сите вклучени, вклучително и Мејсон, ги признаваат тешкотиите за продолжување на кариерата во Манчестер јунајтед. Затоа, меѓусебно е договорено дека би било најсоодветно тоа да го направи надвор од „Олд Трафорд“ и сега ќе работиме со Мејсон за да го постигнеме тој резултат, се вели во соопштението на клубот.

Последен пат 21-годишниот фудбалер излезе на теренот на почетокот на 2022 година. Во јануари Гринвуд беше приведен под обвинение за силување и насилство врз девојката. Во февруари 2023 година, беше објавено дека полицијата го затворила „случајот Гринвуд“.