Манчестер jунајтед одржа прелиминарни разговори со Рашфорд за нов договор

– Манчестер јунајтед сака да го продолжи договорот со напаѓачот Маркус Рашфорд, објави „Атлетик“.Претходно клубот ја искористи клаузулата во договорот и го продолжи актуелниот договор за уште една година. Така, рокот на договорот се пресметува до 2024 година.Сепак, Манчестер јунајтед се надева на подолга соработка. Со 25-годишниот фудбалер веќе се водени прелиминарни преговори за нов договор.Рашфорд оваа сезона настапи на 36 натпревари и постигна 24 гола. Ова е најпродуктивната сезона во неговата кариера.