Манчестер Jунајтед победи на пет од последните шест натпревари во Премиер лигата и дојде на само шест бода до лидерот Арсенал
– Манчестер јунајтед победи на пет од последните шест натпревари во англискиот фудбалски шампионат. Избраниците на тренерот Ерик тен Хаг вечерва го совладаа Евертон на гости со 3:0 во 13. коло.
Почнувајќи од 7 октомври Јунајтед загуби бодови само на натпреварот против градскиот ривал Манчестер Сити (0:3). Победи пет натпревари во Премиер лигата (Брентфорд, Шефилд јунајтед, Фулам, Лутон и Евертон) со вкупен резултат 9:2 .
Манчестер јунајтед е на 6. место на табелата со шест бода помалку од лидерот Арсенал.
Во следното коло Јунајтед на 2 декември ќе го пречека Њукасл.