Италијанскоит стратег Роберто Манчини е нов селектор на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, објави синоќа фудбалската федерација на оваа земја (САФФ).
Манчини пред две недели поднесе оставка на клупата на актуелниот европски првак Италија, а со Саудиска Арабија потпиша договор на четири години.
Неговото деби на клупата на Саудиска Арабија ќе биде на 8 септември на пријателскиот натпревар против Костарика.
„Испишав историја во Европа, сега е време да направам историја со Саудиска Арабија“, изјави Манчини, кој денеска треба официјално да биде промовиран на прес – конференција организирана од фудбалската федерација на Саудиска Арабија.
Италијанските медиуми објавија дека Манчини годишно ќе заработува 25 милиони евра како саудиски селектор.