Мао Нинг: Кина ги отфрла политичките манипулации за потеклото на Ковид-19 , САД треба да ја почитуваат науката
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на денешната прес конференција изјави дека Кина „остро се спротивставува на сите обиди за политичка манипулација“ под превезот на потрага по потеклото на коронавирусот.
-Бараме САД да ја почитуваат науката и фактите и да престанат да го политизираат прашањето за потеклото на коронавирусот, рече Мао.
Портпаролката на кинеското МНР реагираше на синоќешните тврдења на шефот на ФБИ, Кристофер Фреј, која кажа дека „ФБИ дошло до заклучок дека пандемијата на коронавирусот најверојатно настанала како резултат на инцидент во кинеска лабораторија во Вухан“, пренесоа британските медиуми.
Фреј ја обвини кинеската Влада дека „прави се за да ги попречи“ напорите на САД и другите земји да дознаат повеќе за потеклото на пандемијата, додаваат британските медиуми.