Лидерката на партијата Национален митинг, Марин Ле Пен, рече дека мирно ќе се бори против судската пресуда со која и беше забрането да се занимава со политика на пет години.
Таа додаде дека е инспирирана од американскиот активист за човекови права Мартин Лутер Кинг, објавија денеска француските медиуми.
Во видео-обраќањето упатено до лидерот на партијата италијанска лига, Матео Салвини, таа истакна дека инспирацијата ја наоѓа во борбата на убиениот американски активист за човекови права, пренесе BFMTV.
„Ќе го следиме примерот на Мартин Лутер Кинг. Тој се бореше за човекови права, а граѓанските права на францускиот народ денеска се доведуваат во прашање. Нашата борба ќе биде мирна и демократска”, рече Ле Пен на состанокот на Лигата во Фиренца.
Таа додаде дека РН никогаш нема да се предаде пред насилството и кршењето на демократијата.
„Ќе ги искористиме сите можни правни средства за да се бориме да учествуваме на изборите во 2027 година и да го поразиме овој обид за укинување на функционирањето на демократијата во Франција“, рече Ле Пен.
Салвини и’ се заблагодари за пораката, додавајќи дека денес е важен ден за неа и за нејзината партија, на чиј состанок подоцна треба да се обрати.
Во исто време, денеска во центарот на Париз, РН организираше митинг за поддршка на Ле Пен по пресудата со која судот минатата недела ја осуди неа и дваесетина членови на партијата за проневера на средства од ЕУ, пренесува Политика пишува Танјунг.
Ле Пен нема да може да се кандидира за претседател во 2027 година доколку не успее да ја поништи одлуката на судот во рок од 18 месеци, а осудена е и на четири години затвор.