МАРИН ЛЕ ПЕН ПРОГЛАСЕНА ЗА ВИНОВНА!

Судот во Париз денеска ја прогласи Марин Ле Пен за виновна во случајот за проневера. Да потсетиме дека Марин Ле Пен и 24 членови на партијата се обвинети за проневера на средства на Европскиот парламент.

Ле Пен и 24 нејзини сопартијци, вклучително и девет поранешни членови на Европскиот парламент и нивните 12 помошници во телото на ЕУ, се обвинети дека со години воделе масовна шема за проневера на европските фондови. Тие се обвинети дека користеле пари наменети за асистенти на европските парламенти за плаќање на партиските пратеници во Франција.

Покрај Ле Пен, за виновни се прогласени уште осум пратеници.

Обвинителот побара Ле Пен да биде казнета со 300.000 евра и 10 години затвор.

Партијата РН, која ја смета Ле Пен за фаворит меѓу потенцијалните кандидати во претседателската трка за две години, претходно го осуди судењето како политички мотивирано.