Маричиќ: Колективен напор за членство во ЕУ

Процесот на преглед се одвиваше во текот на 15 месеци, приближно 100 дена, со ангажман на над 1.000 учесници и подготовка на 850 динамични презентации во 206 различни институции. Сериозна работа која е доказ за колективната посветеност на администрацијата и граѓаните за членство во ЕУ, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ од Брисел во својот говор, пред последната билатерална средба за поглавјето 31 од Кластерот 6.

Тој нагласи дека до крајот на годинава клучните документи кои се нивна обврска кои произлегуваат од преговарачката рамка за членство на Република Македонија во Европската Унија, која беше одобрена на 19 јули 2022 година – Патоказот за владеење на правото, Патоказот за реформа на јавната администрација, како и Акциониот план за заштита и унапредување на правата на припадниците на малцинствата и заедниците.

„Истовремено, ја чекаме дискусијата на Европскиот совет на состанокот следната недела на 14 и 15 декември, како и заклучоците на овој Совет. Имајќи ги предвид нашите заложби и напори да станеме полноправна членка на ЕУ, очекувам дека ќе добиеме препорака да продолжиме со втората Меѓувладина конференција. Со ова секој следен чекор во процесот на членство на нашата земја во Европската унија, како и динамиката на преговорите ќе зависи само од нас, од одобрувањето на уставните измени“, рече Маричиќ.

Вицепремиерот нагласува дека оваа можност треба да ја искористиме без двоумење, без грижи и без страв, но со убедување дека ќе придонесе и за просперитет на државата и нејзините граѓани.

„Одложувањето или блокирањето на процесот на преговори и членство на Македонија во ЕУ претставува ризик за нашите реформи и за нашиот развој. Убеден сум дека со мнозинството граѓани кои сакаат да ја видат Република Македонија во Европската Унија во 2030 година, заедно ќе успееме. Заедно да ги надминеме пречките и да обезбедиме европска иднина за сегашните и идните генерации“, рече Маричиќ.