Помошта од ЕУ за прекугранична соработка е во интерес на граѓаните на двете држави.
ЕУ ја поддржа нашата прекуграничната соработка со Србија со вкупно 8,4 милиони евра, неповратни средства.
Во Ниш заедно со српската министерка за европски интеграции, Тања Мишчевиќ и евроамбасадорот во Белград, Емануел Жиофре, ја потпишавме првата алокација од новата прекугранична соработка за 2021 и 2022 година, во вредност од 3,6 милиони евра.
Ова е повеќе од двојно зголемување на средствата во однос на претходната финансиска програма што е потврда и за нашиот партнерски однос со Европската Унија, која на овој начин ги поттикнува напредокот и економскиот развој на пограничниот регион, но и добрососедските односи.
И двете држави имаме иста визија и посветено работиме на нашето членство во ЕУ да стане реалност што е можно поскоро и да обезбедиме подобар живот за граѓаните. Ние веруваме, а во нас веруваат и нашите европски партнери во исполнувањето на реалниот план за членство до крајот на оваа декада. И ќе успееме во тоа.