МАРИЈА ЗАХАРОВА ГИ ЗАГУБИ НЕРВИТЕ ПРЕД НОВИНАРИТЕ – Русите тврдат дека знаат од каде Украина ги добива дроновите за напад на нивна територија: “Ве вовлекуваат во конфликт!“
Русија во вторникот објави дека Украина користи австралиски беспилотни летала за да напаѓа цели на територија на Руската Федерација и дека Австралија се повеќе е вовлечена во конфликтот.
„Излегува дека австралиските беспилотни летала всушност се користат за напади врз цели во Русија“, вели портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Тоа беше нејзиниот одговор на новинарско прашање за информациите објавени минатата недела во Sydney Morning Herald, според кои Украинците користеле австралиски беспилотни летала за нападнат аеродром во рускиот град Курск.
Марија Захарова ја обвини австралиската Влада дека ентузијастички придонесува за антируската кампања насочена од Вашингтон, обидувајќи се на тој начин да ги скрие од јавното мислење незавидните околности што укажуваат дека Австралија е се повеќе вклучена во конфликтот во Украина.