Марија Луиса е „феномен на квадрат“: Пејачката го урна Инстаграм со повеќемилионски прегледи во „Ништо лично“ за помалку од една недела!
За Марија Луиса Тодоровска знаевме дека е феномен. И оддамна тоа го тврдевме, зашто пејачката уште пред да сними барем една своја авторска песна, стана „кралица на бакшишот“. Ги полнеше кафеаните и ноќните клубови и се’ уште не прекинала тоа да го прави, а оттаму си одеше дома со полни кеси пари од земениот бакшиш!
Но, последното гостување во интер ток шоуто или поткастот „Ништо лично“ (како сакате наречете го) кај познатиот новинар и водител Антонио Димитриевски, покажа една друга, нејзина нова димензија. Нешто што никому до сега не му пошло од рака. Ниту на оние што гостуваат по разни поткасти, вклучувајќи ја и самата Марија, ниту пак на домаќините на истите каде досега била.
Имено, Марија Луиса Тодоровска покажа дека е „феномен на квадрат“! Зашто пејачката го урна и Интернетот и особено Инстаграм. Марија Луиса севкупно има неколку милионски прегледи на социјалните мрежи на нејзините „шортови и ријлси“ со своето гостување во „Ништо лично“. Нешто што никаде никому досега не му успеало.
Можеби коментарите се поделени, има и вакви и такви и негативни и позитивни и оние што не ја поднесуваат и завидуваат, љубоморат, ја ругаат и плукаат… како и оние што ја сакаат, поддржуваат, обожувуваат…!
Но пејачката е позната како „фајтер“ како борец кој не се предава и лесно не подлегнува на притисоците, па иако„пред фактите би требало да молчат и боговите“, Марија и самата се потрудила „да ги замолчи“ хејтерите. И тоа со два пара факти.
![](https://vocentar.com/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot_687-2.jpg)
И со астрономските бројки од милионските прегледи и со возвратен удар на хејтерите, објавувајќи ги по име и лик сосе „гнасотиите“! До душа не сите, туку само поединци, ама како пример за сите останати мразачи, дека можеби токму тие се следни!
Сето тоа зачинето со „сладок поздрав“ со чоколадни трошки што нејзиното голо тело го прекриваат, наменет за оние што вака коментираат!
Како и да е едно е сигурно: Марија Луиса Тодоровска дефинитивного потврди својот статус на феномен… „на квадрат“! Пејачката отсега не е само „кралица на бакшишот“ туку и новата „македонска кралица на поткастот“.
Зашто како нејзините бројките на прегледи од гостувањето во „Ништо лично“, никаде на друго место нема да сретнете ништо слично!