Марија Шерифовиќ: Во неколку наврати сама се обидов да ја износам бременоста

Марија Шерифовиќ неодамна објави дека и се исполнила најголемата желба – станала мајка на момче. Сега таа одлучи да ги открие деталите од нејзината борба за потомство.

„Големата желба да имам дете ме водеше низ овој многу сложен и тежок процес. Иако во неколку наврати се обидов сама да ја носам бременоста, поради тешкотиите низ кои поминував не успеав, па сурогатот се покажа, всушност, единствената опција за мене“, изјави таа за српските медиуми.

Српската пејачка не сакаше да открива детали за нејзиното здравје.

„Навистина не сакам јавно да ги објаснувам медицинските причини за ова, но сурогат мајчинството конечно беше мојот единствен избор“, додаде таа.

Таа претходно на Инстаграм сподели фотографија од синот Мари. Нејзините честитки упатија фановите и јавните личности, меѓу кои: Џејла Рамовиќ, Наташа Беквалац, Тања Савиќ, Маја Беровиќ, Милица Тодоровиќ, Калиопи Букле, Нина Бадриќ итн.