Марија Шерифовиќ го покажа синот: Еве како го заспива (ФОТО)

„Добри луѓе, добро утро, добро попладне, добра вечер, каде и да сте и што и да правите… Бидејќи ова е мое прво вакво обраќање преку стори, сакам да ви се заблагодарам на сите за убавите пораки! Сè е покриено и преплавени со љубов и верувајте дека можеме да го почувствуваме тоа“, изјави Марија.

Во неколку снимки зборуваше и за турнејата што ја очекува откако ќе го објави новиот албум, а сними и како го заспива својот син со песната „Time of my life“.

Како што изјави Марија Шерифовиќ во првата изјава по објавувањето на раѓањето на нејзиниот син, моментот кога го запознала бебето не може да се спореди со ништо што доживеала досега.

„Долго се подготвував за тој момент, безброј пати во главата замислував како ќе изгледа… Ми кажаа и мајка ми и блиските пријатели, но тоа чувство е неописливо со зборови, нешто најпосебно… Се чини дека мене тие неколку минути од првиот допир траеја прекратко или предолго… Едноставно толку многу емоции што го запираат секое друго чувство“, изјави таа за Блиц.