Марија Шерифовиќ не сака да помисли на дадилка! Се плаши за безбедноста на синот, ѝ верува само на една личност (фото)

Марија Шерифовиќ целосно сака да се посвети на своето бебе кое го доби со помош на сурогат мајка на 2 декември во Лос Анџелес. Таа реши сама да се грижи за синот, а ќе и’ помогне нејзината мајка Верица Шерифовиќ.

Марија верува дека со мајка си ќе научи сè за родителството, но е крајно загрижена за безбедноста на своето дете, а тоа е и причината поради која не сака да го остави со луѓе кои не и’ се блиски.

Марија Шерифовиќ

– Марија е фасцинирана од Марио и откако дојдоа во станот поминуваат 24 часа заедно. Таа целосно му се посветила и не сака да ангажира дадилка за својот син. Таа не верува никому и мисли дека може да направи сè сама со помош на Верица. Таа може целосно да се потпре на нејзината мајка и нејзината помош е непроценлива. Верица не се одвојува од нив, дава совети, а тука е и да помогне во хранењето на бебето, капењето и менувањето пелени. Се договориле и дека таа ќе се грижи за бебето кога ќе оди на турнеја, што Верица се израдувала многу. Едвај чекаше да стане баба, па ништо не и’ е тешко кога е Марио во прашање – пишуваат српските медиуми.

Да потсетиме, Марија на својот Инстаграм истакна дека сака да поминува што повеќе време со своето бебе, па беше на прагот да ја одложи закажаната турнеја, која опфаќа 30 градови во Србија, регионот и Европа, за 2025 година. Но, во договор со колегите и семејството, на крајот решила да ги одржи закажаните концерти, по што ќе се повлече од сцената и целото време ќе го посвети на својот наследник.

Марија Шерифовиќ