Изгореа овошен насад и тополи во атарот на радовишко Покрајчево

– Вчера во атарот на радовишкото село Покрајчево биле опожарени овошен насад и тополи сопственост на Б.С. (55) од истоименото село.

Како што информираа од СВР Струмица пожарот настанал на местото „Миленковица“ во атарот на Покрајчево, а пожарот бил изгаснат од ТППЕ Радовиш.

Во информацијата од полицијата се додава дека нема повредени лица, а увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и други итни случаи, особено кога граѓаните се во животно загрозувачки ситуации