Пет лица повредени во пожар на карневал во германскиот град Кил

 Најмалку пет лица се повредени, од кои едно потешко, кога се запалила платформа на карневал во германскиот град Кил, јави ДПА.

Еден од повредените се здобил со тешки изгореници и со хеликоптер е пренесен во болница.

Според првичните сознанија на полицијата, пожарот го предизвикала експлозија на карневалската платформа. 

За да се спасат од пламените јазици, неколку луѓе скокнале од платформата на улицата по која се движела каревалската поворка.

Пожарникарите брзо го изгаснале пожарот, а парадата, која ја следеле десетици илјади луѓе, е прекината.