ФОТО | Познатата оскаровка ја шокираше јавноста со своето ново лице! Беше една од најубавите жени во светот а сега целосно се промени: “Изгледа како…“

Холивудската актерка Натали Портман претходната вечер гостуваше во популарната американска емисија „The Late Late Show with James Corden“.

Актерката по тој повод ги изненади сите! Натали е препознатлива по својата фина, ненаметлива, природна убавина и вродена нежност, но се чини дека, како и многу колешки и таа не одолеа на естетските корекции односно операции. Имено, таа во споменатата емисија покажа видно променето лице – изгледа го корегирала носот и ги наполнила јаболчниците на лицето.

Натали Портман
Натали Портман

Интересно е што оваа актерка своевремено го зазема осмото место на листата на познати жени со најсовршено лице на светот, која ја создале научниците и се базира на теоријата за златниот пресек. Но, се чини дека и покрај ова ласкаво признание, таа не била целосно задоволна од сопствената кожа.

Реакциите на публиката на социјалните мрежи за променетиот изглед на Портман беа доста бурни. „Имаше толку уникатна убавина, не ми се верува дека се претвора во иста како и сите други“, „Толку убаво, софистицирано лице и да си го направи ова себеси“, „Што му направи на своето лице“, „Таа има тотално ново лице“, „Изгледа како Деми Мур“, „Не би знаел кој е, да не пишуваше“, се дел од многуте коментари оставени на социјалните мрежи.

Инаку, оваа оскаровка пристигнала на снимањето во едноставно, атрактивно издание, избирајќи класика од женската гардероба. Таа се појавила во мал црн фустан, но храброто деколте и големата машна се погрижија да не изгледа досадно и проѕирно.