Марк Ентони (54) го доби седмото детe со 30 години помладата сопруга

Пејачот Марк Ентони стана татко по седми пат.

54-годишниот и неговата 24-годишна сопруга Надија Фереира го дочекаа своето прво заедничко дете во неделата. „Господ секогаш има совршен тајминг. Среќен ден на таткото“, напишаа тие во заедничката објава на Инстаграм. Имено, новиот производ пристигнал на датумот кога Американците го слават Денот на татковците. 

Ентони има две деца со Џенифер Лопез, близнаците Макс и Ема. Од врската со Дајанар Торес има два сина – Рајан Адријан и Кристијан Маркус, а Деби Росадо ги има синот Чејс и ќерката Аријана.