МАСАКАР – Ново масовно пукање во САД! Неколку загинати, десетици повредени, сведоците преплашени: “Слушнавме и до 30 истрели“

Масовно пукање се случи во текот на ноќта во јужен Балтимор, а полицијата е на терен, објави CNN во неделата, повикувајќи се на портпарол на полицијата во Балтимор.

Првите извештаи покажуваат дека две лица загинале, а 28 лица се повредени, јавува CNN. Десет лица биле пренесени во болници од страна на полицијата, а уште 19 се пријавиле сами, објавија американските медиуми, додавајќи дека сведок рекол дека слушнале 20 до 30 истрели. CNN, пак, наведува дека 9 лица се пренесени во локалните болници, а тројца од повредените се во критична состојба.

Полициската управа во Балтимор не одговорила веднаш на барањето од медиумската агенција Reuters за коментар.