Каматните стапки на Европската централна банка се приближуваат до максимумот

Јанис Стурнарас, член на Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ), предупреди дека креаторите на политиката на оваа кредитна институција треба да бидат внимателни и да избегнуваат големи или мали скокови во однос на одлуката за каматните стапки.

Во интервју за грчките медиуми, Стурнарас нагласи дека секоја таква одлука треба да се заснова на податоци „токму затоа што сме блиску до плафонот, блиску до максималното зголемување“.

„Блиску – не реков дека се уште сме таму, но се приближуваме“, рече Стурнарас, пренесува Спутник.

Забелешките дојдоа откако ЕЦБ минатиот месец одлучи да ја зголеми референтната каматна стапка за 0,5 процентни поени на 3,5 отсто.

Ова беше направено и покрај стравувањата дека зголемувањето на каматните стапки може да предизвика домино ефект во банкарскиот сектор низ еврозоната.

Претставниците на ЕЦБ објаснија дека инфлацијата најверојатно ќе остане висока „предолго“, што според нив ја охрабрува банката да продолжи со планираните зголемувања на каматните стапки.