Руски ракети убиле неколку високи офицери на вооружените сили на Украина за време на церемонијата на доделување награди во 128-та планинска нападна бригада.
Американскиот дневен весник „Вашингтон пост“ прецизира дека припадниците на 128-та нападна бригада на украинските сили се собрале утрото на 3 ноември на церемонија одржана на неколку десетици километри од линијата на фронтот.
Церемонијата се претвори во крвопролевање. Во рускиот ракетен напад загинаа најмалку 19 присутни воени лица, вклучително и неколку високи офицери и неколку врвни војници на бригадата, тврди Вашингтон пост.
— Pluton (@Pluton45873221) November 5, 2023
Руски воени извори претходно изјавија дека се убиени „десетици“ украински офицери и војници.
Ракетниот напад се случи десет минути по почетокот на церемонијата, околу 10:00 часот.
Околу стотина украински воени лица присуствуваа на церемонијата на доделување награди, вклучително и оние кои не добија награда.