Масакр од невидени размери: Фармер од Австралија се подготвува да заколи 3.000 овци, а причината е многу тажна (ФОТО)
Еден фармер од Западна Австралија се подготвува да ги заколе своите три илјади овци затоа што не може да најде купувачи за нив – или ќе мора да ги остави да умрат од глад бидејќи не може да ги нахрани сите.
Вејн Смит, од фармата Калука во Нарикуп, рече дека му е скршено срце од одлуката што бил принуден да ја донесе.
„Фармерите во Западна Австралија се во многу тешко време“, напиша тој на социјалните мрежи.
Тој најави дека тоа е „многу тажен ден за него, бидејќи се договорил со соседот да ископа дупка доволно голема за да стави три илјади овци“.
„Не можам да ја поднесам помислатс да ги застрелам, додаде тој. Кога никој не може да ги купи, немам пари да ги нахранам. Нема храна, понекогаш нема вода, немам избор. Не можеме да ги оставиме да страдаат и да умрат од глад и жед. Тоа ни ги крши срцата, ова е многу вознемирувачки”
Градската влада на Олбани (Западна Австралија) одлучи постепено да го укине извозот на овци од Австралија по морски пат. Сојузниот министер за земјоделство Мареј Ват назначи независна комисија која ќе советува како да се забрани извозот. Минатата година се одржаа консултации со земјоделците „во многу краток временски период“.
„Постепеното укинување на извозот на живи овци по морски пат е сложено прашање што ќе влијае на фармерите, бизнисите, нашите трговски партнери и заедниците вклучени во трговијата“, рече Ват.
,,Заедно со другите мерки, како што е формирањето на нов генерален инспектор за благосостојба на животните, ќе ја исполниме нашата изборна определба за зајакнување на благосостојбата на животните во Австралија”.