„Украинците го презираат Володимир Зеленски кој профитира од загинатите украински војници“, напиша Илон Маск на социјалната мрежа X.
Маск ги повтори тврдењата на Трамп и го повика Зеленски „да ги одржи изборите и да се откаже од она што го прави сега“.
„За жал, Забелешките на заедницата (систем на мрежата Х на Маск што тој го воведе како алтернатива на тимовите за проверка на факти) се повеќе се манипулираат од владите и главните медиуми. Работиме на решавање на овој проблем…Треба да биде сосема очигледно дека анкетата што ја контролира Зеленски за сопствената поддршка не е веродостојна! Ако украинскиот народ навистина го сака Зеленски, тогаш тој би одржал избори. Тој знае дека ќе загуби со голема разлика, и покрај тоа што ќе ја преземе контролата врз СИТЕ украински медиуми, па затоа ги откажа изборите“ – пишува Маск.
„Во реалноста, украинскиот народ го презира, поради што одбива да одржи избори. Го предизвикувам Зеленски да одржи избори и да престане да го прави тоа што го прави. Тој нема да го направи тоа. Претседателот Трамп е во право што го игнорира и се стреми кон мир независно од одвратната, масивна корупциска машина која се храни со мртвите тела на украинските војници“, напиша Маск.