Веќе навикнавме Илон Маск да е полн со идеи, а повремено може непријатно да ги изненади корисниците на услугите на неговите
Токму тоа е случај и сега, бидејќи Маск на неодамнешната конференција рече дека X (Твитер) размислува да ја отстрани јавната видливост на бројот на лајкови и ретвитови. Оваа информација би ја имале само оние кои го објавиле твитот.
Исто така, Маск откри дека Twitter најверојатно наскоро ќе добие лиценца за посредување во трансферот на пари во Њујорк, што значи дека оваа платформа се проширува и на финансиски услуги.
Откога го купи Твитер (кој подоцна го преименува во X), Маск, според некои извештаи, вршел притисок врз програмерите да го „дотераат“ алгоритмот за неговите објави да бидат повидливи.
Имаше повеќе контроверзии, како на пример кога Твитер забрани филм, како и ажурирање што и овозможи на апликацијата да собира податоци за отпечатоците од прстите на корисниците, зениците, лицето и гласот итн.
Имаше, сепак, некои добри работи кои Маск ги претстави на платформата во меѓувреме, но тие беа главно резервирани за „Премиум“ корисниците.