Маск откри кога ќе се повлече од функцијата извршен директор на Твитер

Сопственикот на Твитер претходно изјави дека нема намера да ја задржи функцијата извршен директор, а сега откри и кога има намера да ја најде својата замена.

Илон Маск минатата година стави до знаење дека нема амбиции да ја задржи функцијата извршен директор на Твитер. Тој дури направи и анкета на таа социјална мрежа во која ги праша корисниците дали треба да остане извршен директор на Твитер или да биде заменет со некој друг, каде што мнозинството го поздравија Маск, односно гласаа за друг извршен директор .

Сопственикот на компанијата тогаш изјави дека ќе ја почитува волјата на мнозинството, но не се знае кога Маск ќе се повлече од главната позиција на компанијата и кој ќе го замени. Исто така, ќе биде интересно да се види како ќе функционира оваа соработка помеѓу сопственикот на компанијата и извршниот директор, особено ако нивните ставови се разликуваат за одредени прашања и начинот на водење на мрежата.

За време на гостувањето на настанот одржан оваа недела, Маск конечно проговори за тоа кога планира да се повлече од функцијата извршен директор. Тој нагласи дека најпрво е потребно да се стабилизира социјалната мрежа , што треба да биде кон крајот на годината, кога ќе биде  добро време некој друг да го преземе раководството на компанијата.

Тој, се разбира, не спомна кој би можел да го замени, а се чини дека наоѓањето наследник нема да му биде приоритет во моментов, туку како главен фокус ја издвои оптимизацијата на бизнисот.

По неколку турбулентни месеци се чини дека стабилизирање на ситуацијата е токму она што и треба на оваа социјална мрежа. Откако Маск ја презеде компанијата за цели 44 милијарди долари, ситуацијата со Твитер е прилично хаотична – од промена на начинот на управување, носење сомнителни одлуки до бројни отпуштања, а неизвесноста и хаосот резултираа со привремен бојкот на рекламирање на таа платформа.

Сега, се чини, Маск се обидува да воведе ред во бизнисот и да предаде таква компанија на некој друг да управува, но треба да се запомни дека Маск е познат по тоа што ги пробива роковите, па не треба да се чудиме ако чека следната година како извршен директор на Twitter.