МАСК ПРЕДВИДУВА КРАЈ НА ЧОВЕШТВОТО: Милијардерот верува дека човечкиот вид МОЖЕ ДА ОПСТАНЕ само ако итно исполни 2 услови
Американскиот претприемач Илон Маск смета дека иднината на човештвото е под големо прашање!
Маск даде шокантен одговор на прашањето на новинарот и футуролог Ед Красенштајн.
– Што мислите, колку долго ќе трае нашата цивилизација – напиша Красенштајн на социјалната мрежа Х.
How long do you think our civilization will last?
— Ed Krassenstein (@EdKrassen) April 6, 2024
– Цивилизацијата треба да го задржи сегашното технолошко ниво додека Марс не стане самоодржлив за живот што би можело да се постигне во рок од 20 години. Ако станеме мултипланетарни, а потоа и повеќеѕвездени, нашата цивилизација ќе трае милиони години. Во спротивно, ќе трае можеби само неколку стотици години – одговори Маск.
Еден од најбогатите луѓе во светот претходно оцени дека „демографскиот колапс“ е најголемиот проблем што им се заканува на луѓето на Земјата.
Маск претходно даде мрачна прогноза за 2024 година!