Маск: ,,Ѕвездениот брод” подготвен за лансирање

Лансирањето на вселенското летало Starship треба да биде наскоро, како што најави SpaceX.

Планирано е да се направи првиот орбитален пробен лет, кој ќе следи по овонеделното пробно и добивање на регулаторната дозвола, која сè уште се чека, а сега првиот човек на компанијата, Илон Маск, најави дека тоа би можело да се случи на крајот на третата недела од април.

Превоз на астронаути

Starship е долгоочекуваниот водечки вселенски брод на SpaceX, кој е дизајниран да транспортира астронаути и товар во длабоката вселена, вклучувајќи ги Месечината и Марс. Делови од системот се дизајнирани да се користат повеќе пати, а Starship е поврзан со масивна ракета Super Heavy.

SpaceX целосно го подготви Starship за тестирање во Starbase лоцирана во Бока Чика, Тексас. Во минатото имаше одложувања поради различни причини, од кои една беше проценката на Федералната управа за авијација (FAA) која утврди дека ќе има влијание врз животната средина и врз околината на базата. Затоа, дозволата не е издадена.

Издавање на дозвола

Новиот датум за лансирање на Starship е 17-ти април, а прозорецот ќе биде отворен до 22-ри април. SpaceX соработува со FAA и се очекува конечно ова регулаторно тело да издаде дозвола.

Ако тоа се случи на 17 април, тоа ќе значи дека SpaceX ќе биде на само неколку дена од последното лансирање.

По завршувањето на лансирањето Super Heavy и Starship ќе се разделат, по што Super Heavy ќе се врати во Мексиканскиот залив и Starship ќе го продолжи патувањето во орбитата. Набргу потоа, Starship повторно ќе влезе во атмосферата на Земјата и ќе изврши вертикално слетување во Тихиот Океан во близина на Хаваи.