Пред два дена, на профил кој ги следи информациите за Илон Маск на платформата X, беше објавено видео снимено пред 13 години во кое извршниот директор на Tesla и основач на SpaceX зборува за предизвиците на развојот на ракети кои ќе можат да бидат користени повеќе од еднаш. Тогаш тој рече дека такво нешто е тешко возможно, но дека SpaceX ќе се обиде да го направи: Можеби нема да успееме, но ќе се обидеме да го направиме тоа.
Патувањето на неговата компанија кон оваа цел започна со првиот лет во 2010 година, и иако првите ракети не беа наменети за повеќекратна употреба, таа визија секогаш беше присутна. Со текот на времето, SpaceX успеа во тоа, а благодарение на можноста за повторна употреба на ракетата, трошоците за лансирање беа значително намалени.
На оваа објава, или видео на неговата социјална мрежа реагираше и самиот Илон Маск. Тој напиша дека денес ракетата Фалкон 9 е околу 75 отсто повеќекратно употреблива, а меѓу лансирањето трае неколку дена. Новата ракета која тие моментално ја развиваат и тестираат, Starship, која воедно е и најголемата ракета во историјата, е дизајнирана да биде 100 проценти повторно употреблива за нови летови. Исто така, како што напиша Маск, за разлика од Фалкон, на кој му се потребни денови за повторен лет, Starship во теорија би можел повторно да се користи само еден час по слетувањето.
Напредокот што SpaceX го постигна досега, и оној што се очекува со Starship, ќе биде од клучно значење за главната цел на SpaceX. Иако во моментов сето ова ни е во фаза на научна фантастика, желбата на Маск е еден ден вселенските летови да станат вообичаени и чести за да можеме да летаме на други планети. Со ова тие навистина би можеле да станат меѓупланетарна цивилизација, а клучот за тоа ќе биде можноста за 100 проценти повторна употреба на ракетите. Слично како што денес летаме околу Земјата со авиони, така и со Starship и слични идни ракети би можеле да летаме на други планети.