МАСОВЕН НАПАД НА КРИМ, ЗАТВОРЕН МОСТОТ КЕРЧ! Одекнале експлозии, Русите пресретнале и собориле неколку десетици дронови

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во текот на претходната ноќ противвоздушните сили под нејзина команда пресретнале и уништиле 38 беспилотни летала над Крим.

Украинскиот Киев Индипендент јавува дека нема пријавени жртви.

На локалните канали Телеграм имаше тврдења дека се слушнале експлозии во близина на складиште за нафта во Феодосија, туристички град во источниот дел на полуостровот.

Се известува дека властите инсталирани од Русија на Крим рано утринава го затвориле сообраќајот на мостот Крим (Керч), по тие експлозии.

Причината за прекинот на сообраќајот не е соопштена.

Овој мост го поврзува континенталниот дел на Русија со полуостровот.

Изградбата на мостот, наводно, започнала откако Русија илегално го анектираше Крим во 2014 година и беше завршена во 2018 година.

Владимир Путин, Крим

Мостот е долг 19 километри и е од критично значење како рута за снабдување и транспорт на руските сили меѓу Крим и украинската заднина.

Се потсетува дека од почетокот на целосната руска инвазија на Украина, мостот на Крим неколку пати бил цел на напади.

Руската агенција РИА Новости ја пренесе и вечерашната изјава на Министерството за одбрана во Москва дека системи за противвоздушна одбрана уништиле 38 украински беспилотни летала над Крим.

– Обидот на режимот во Киев да изврши терористички напад со 38 беспилотни летала против цели на територијата на Руската Федерација вечерва е прекинат – соопшти руското Министерство.