Грозоморното злосторство се случило во повеќестанбена станбена зграда. Засега нема информации за можен мотив.
Три лица загинаа, а две се ранети во пукотница што се случи во неделата рано наутро во градот Винипег, провинцијата Манитоба во западна Канада, соопштија локалните власти.
Полициската управа во Винипег соопшти дека пукањето се случило нешто по 4 часот наутро, на локација километар западно од центарот на градот, а на местото на пукањето биле пронајдени три безживотни тела и две ранети лица, јавува Си-Ен-Ен.
– Овој инцидент се случи во станбена зграда со неколку станови. Засега нема информации за можен мотив – изјави Џејсон Михалишен, портпарол на полицијата во Винипег.
Маж и жена биле констатирани мртви на местото на злосторството, а три жртви биле пренесени во болница, но едната од нив подоцна починала од повредите.
Двете жртви, маж и жена, остануваат хоспитализирани и се во критична состојба, изјави портпаролот на полицијата во Винипег.