МАЦА ДИСКРЕЦИЈА УДРИ ПО ЃОКОВИЌИ: Ја прозва сопругата на Ноле, ДАЛИ ОВА ГО СМЕЕ?

Старлетата Маца Дискреција ја коментираше Јелена Ѓоковиќ на својот Тикток.

Сенада Нуркиќ , попозната како Маца Дискреција , се прослави со учеството во реални шоуа, а откако отвори сметка на веб-страница за возрасни, веќе не сме ја виделе во вакви реалити формати, барем не засега.

Старлетата е многу активна на социјалните мрежи, особено на Тикток, каде секојдневно објавува содржини во кои зборува за бројни теми и личности, а на мета сега е Јелена Ѓоковиќ.

Маца прво го коментираше изгледот на сопругата на Новак Ѓоковиќ , а потоа заклучи дека „добро се вклопува“.

“Јелена Ѓоковиќ… Види ги тие тафтувани веѓи, има пеги како Пипи Долгиот Чорап, зајачки заби. Жено, ги имаш сите пари, заеби. Колку добро си се омажила”, рекла Маца.

На коментарите им се немаше крај, а многумина застанаа во одбрана на сопругата на најдобриот тенисер.