МАЧКАТА НА ТЕЈЛОР СВИФТ Е ПОБОГАТА ОД НЕЈЗИНОТО МОМЧЕ СПОРТИСТ !? Кога ќе дознаете колкаво богатство има ова милениче ќе останете без зборови
Пејачката Тејлор Свифт (34 г.) веќе некое време е зафатена со својата турнеја, а слободното време сака да го поминува со своите три мачки, кои ги нарече Бенџамин Батон, Мередит Греј и Оливија Бенсон.
Според листата на Forbs за најбогати миленичиња, која беше објавена на AllAboutCats.com минатата недела, Оливија Бенсон се проценува на околу 97 милиони долари и е третото најбогато милениче во светот.

Токму тоа ја прави побогата од момчето на Тејлор Свифт, американскиот фудбалер Тревис Келче. Неговата вредност се проценува на околу 40 милиони долари. Некои обожаватели коментираа дека мачката е побогата од професионалниот фудбалер и му рекоа дека ако има среќа, можеби еден ден ќе биде успешен како мачката на Тејлор Свифт.
Мачката заработи пари откако се појави неколку пати во музички спотови на Тејлор Свифт, а има и своја линија на производи, појавувајќи се во неколку реклами за брендови како што е Ned Sneakers.

Тревис Келче бил познат по тоа што неколку пати во текот на интервјуто зборувал за својата плата и рекол дека заработува премалку. Најмногу заработува од спонзори, а со клубот има потпишано договор од 57,25 милиони долари. Договорот вклучува 22,75 милиони долари загарантирани пари со годишна плата од околу 14 милиони долари.