Мачка од улица вдомена поради нејзиниот необичен изглед, на кого ве потсетува? (ВИДЕО)

Благодарение на видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, мачка го пронајде својот топол дом.

Имено, оваа мачка е забележана на улиците на градот Гарут во Индонезија, а била специфична по својот изглед по големите и необично обликувани уши и очи. Еден од минувачите решил да го сними и објави на TikTok, а видеото собрало околу 70 милиони прегледи.

Благодарение на големата гледаност, мачката со уникатен изглед си најде нов дом. Според Њујорк пост, некој ја вдомил мачката откако ја видел на социјалните мрежи.

Многумина ја коментираа сличноста на мачката со Доби и Baby Yoda. „Доби да беше мачка, веројатно ќе изгледаше вака“, „Изгледа како Baby Yoda, преслатко“, беа дел од коментарите.