Маја Шупут како Шерон Стоун во „Сурови страсти“: „Во секси фустан седна на стол и ја прекрсти ногата…“ (фото)

Не е тајна дека Маја Шупут е најбараната пејачка за свадби. Всушност, таа често се фали со тоа, а викендов, судејќи по нејзиниот Инстаграм профил, тоа го правеше два дена по ред.

Јас работам, работам и само работам“, напиша Шупут, кој е и член на жирито во најгледаното забавно шоу во Хрватска „Суперталент“ на Нова ТВ.

Но, освен со жестокото темпо на работа, Шупут повторно го привлече вниманието со својот изглед, поточно со предизвикувачкиот розов фустан што го носеше за настапот на една од свадбите.

https://www.instagram.com/explore/locations/995847618/hotel-trakoscan/?utm_source=ig_embed&ig_rid=22975f0b-8f8e-463f-8929-8569e1e67361&ig_mid=7E7A1430-D2BA-4C71-A4B6-DE01AA61C933

Уште попредизвикувачки беше позата која пејачката ја зазеде додека се одмара на стол, бидејќи потсетува на Шерон Стоун и култната сцена од филмот „Сурови страсти“ во режија на Пол Верховен од 1992 година.

Таа сцена ја катапултирала Стоун на А-листата на актери и ѝ го донела статусот на секс симбол, а дали Маја Шупут намерно или случајно го рекреирала тој познат момент сè уште не е познато.