Мајката и таткото не ни знаеле дека имаат внук: Страшни детали од животот на брачниот пар кој ги убил сопствените деца, па себе
Мартина П.С.(23) и Лав П.С.(25) се самоубиле скокајќи од голема висина на зграда во Нови Сад, откако ги убиле двата сина, а според сознанија на Блиц.рс не биле во добри односи со родителите.
Како што се дознава, Мартина е од Бачки Петровац и таму во моментот живеат нејзините родители, додека Лав е од Белград.
Кога полицијата ги идентификувала телата на Мартина и Лав, ги известила мајката и таткото на Мартина. Веста ја примија прилично рамнодушно – вели изворот на „Блиц“.
Според соговорникот на Блиц, родителите на Мартина во полиција рекле дека воопшто немаат контакт со нивната ќерка.
-Нејзините родители не ни знаеле дека имаат уште еден внук – вели изворот.
Да потсетиме, младиот брачен пар М.П.С.(23) и Л.П. С.(25), во петокот се самоуби скокајќи од зграда на Лиман 2.
Тие во петокот околу 22:00 часот влегле во зградата на булеварот Цар Лазар 7, се качиле на последниот кат, ја скршиле стаклената врата и влегле на покривот, а потоа заедно скокнале во смрт, а според станарите на оваа зграда тие не им се соседи. Брачниот пар бил идентификуван врз основа на отпечатоци од прсти.
Како што напиша „Блиц“, оваа брачна двојка живеела во Петроварадин.
Вчера беше откриено дека оваа брачна двојка пред да се самоубие си ги убила сопствените деца.
Во куќа во Петроварадин пронајдени се телата на две момчиња, на една и тригодишна возраст.
Соседите на овој пар за „Блиц“ велат дека слушнале дека М.П.С е од Словачка, а Л.П.С од Врање.
Египетски симболи биле пронајдени на ѕидовите во куќата во која живеел парот со своите деца, а постои сомневање дека младиот човек и девојката биле членови на сектата.
Сектологот Димитрије Пастуовиќ за Телеграф.рс изјави дека постои сомневање дека овој случај е наводно еден вид сатанизам кој е поврзан со египетската магија.