Мајката не ѝ верувала на ќерката дека очувот ја силувал, па ја казнила „поради лага“: Изречена е пресудата за грозоморниот случај

Мајката на девојчето од Џер, кое со години го силувал нејзиниот очув, осудена е на две години затвор, условно на пет години, бидејќи одбивајќи да верува дека нејзината ќерка е малтретирана, го ставила детето во опасност.

Имено, девојката со години трпела насилство, а секогаш кога барала помош од мајка си, наидувала на недоразбирање.

Како што пишуваат унгарските медиуми, девојчето е родено во 2003 година, а нејзината мајка повторно се омажила во 2013 година и добила дете со новиот сопруг. Првата година од нивниот заеднички живот била релативно мирна, но во 2014 година очувот за првпат ја малтретирал својата поќерка, која тогаш немала ни 12 години.

Според обвинението, тој речиси секој ден сексуално ја злоставувал девојката. Тој често го малтретирал детето додека таа спиела. Кога жртвата станала свесна што и’ се случува, почнал да ја тепа за да ја силува.

Очувот секогаш и’ наредувал да не кажува никому што се случува меѓу нив, но девојката неколку пати се обидела да и’ објасни на мајка си низ што поминува. За жал, мајката одби да поверува. Секојпат кога девојчето ќе и’ се обратела за помош, нејзината мајка дополнително ќе ја казнела „за лажење“.

Blikk објави дека очувот е осуден на 11 години затвор и дека по ослободувањето ќе му биде забрането да се занимава со активности кои вклучуваат контакт со лица помлади од 18 години.