Мајката организирала бегство во Охрид, па била вратена назад: Ова се сите потези на родителите на момчето-убиец кои ја налутија јавноста! (Фото)

Мајката на момчето кое уби деветмина негови другари и училишниот чувар Драган В., а рани уште петмина во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај, минатиот месец се обидела да ја премине границата и да ја напушти Србија. Според српски Курир, таа не сакала да ја однесе ќерка си на море во Грција, туку во Македонија, на Охридското Езеро.

Овој настан ги разбесни не само семејствата на убиените и ранетите деца, туку и јавноста на Балканот, а тоа е само еден од потезите на членовите на ова семејство кои во изминатите денови и недели се обидоа да ги заштитат своите интереси, пред се нивниот имот, на различни начини!

ЗАБРАНА ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ

Мајката на психопатот била запрена на граничниот премин Прохор Пчињски и, како што пишува српски Курир, од таму била вратена бидејќи истрагата против неа е во тек. Против неа е во тек преткривична постапка за да се утврди дали во нејзиното дејствие имало елементи на занемарување и злоупотреба на детето, додека неговиот татко е во притвор за недозволено поседување оружје и распрскувачки материјали.

-По препорака на терапевтот кој разговарал со сестрата на момчето, мајката сепак решила да ја однесе на патување, за да се обиде да ја олесни ситуацијата во која се наоѓаат од 3 мај – вели извор на Курир од истрагата.

Мајката на психопатот го известила Центарот за социјална работа за патувањето, но полицијата не била информирана за патувањето, а српското МВР ќе бара да и’ се забрани напуштање на територијата на Србија или градот Белград.

ПОБАРАЛА НОТАР

Тоа беше последното дејство во серијата акции на родителите на момчето.

– Најпрво дошле до план таткото на момчето во притвор да биде посетен од нотар, за да потпише полномошно за неговата сопруга да располага со имотот на негово име, но и да даде овластување да го изнесе тринаесетгодишното момче надвор од државата, но тоа брзо било спречено, а момчето сигурно немало да може да ја напушти државата – открива соговорникот на Курир.

Имено, нивниот план бил најверојатно мајката со негова согласност да се обиде да го извлече момчето од установата во која е сместено. Но, таа согласност може во секое време да ја повлече, но тоа не би значело негова слобода бидејќи би морал да помине комисија од експерти врз основа на чија проценка судот ја носи одлуката. Нема шанси момчето да биде пуштено на слобода.

СУДОТ РЕАГИРАЛ

Во последен момент таткото бил спречен да и’ даде согласност на мајката, а сега мајката ниту може да го изнесе момчето од Србија, ниту да го продаде имотот кој во меѓувреме е блокиран од судот. Таткото на момчето е кривично обвинет и му е изречена привремена мерка за обезбедување на имотно побарување, па му е забрането да располага со недвижен имот, а истото важи и за мајката.

– Иако мајката на момчето не одговара кривично за делото што го извршил нејзиниот син, родителите на убиените деца против неа покренале граѓански случај во кој меѓу другото наведуваат дека треба да одговара и за делото што го сторил нејзиниот син. .Со тоа решиле и да и’ забранат да продава неколку станови и гаражи кои се наоѓаат на територијата на Белград.

Родителите на момчето се под лупа на јавноста поради начинот на кој се однесувале кон дете на негова возраст пред масакрот, носејќи го на стрелиште и занемарувајќи го, како што велат, неговото ментално здравје.

СУДОТ ВО СТРАЗБУР

Како последна капка, родителите на момчето имаале план да ја испратат целата документација и можните пресуди против нив, но и против нивниот син, до судот во Стразбур, со надеж дека ќе ја избегнат одговорноста за масакрот што го извршил.

Момчето, да потсетиме, не може кривично да одговара и родителите сега се обидуваат да го искористат овој факт и сите можни механизми за да може целото семејство да побегне во странство без никакви последици, но и да избегне паричен надомест врз основа на проактивни тужби на семејствата на жртвите.

Тие изразија сочувство и само еднаш се огласија

Семејството на момчето осомничено дека го извршило масакрот, прв и единствен пат 20 дена по масакрот проговори преку застапник.

– На тој 3 мај владееше вечна тишина во која секојдневно плачеме неми од неизлечива болка и тага, за секое невино дете што загина и за Драган, кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и искрено жалиме и упатуваме сочувство до секое семејство за нивната загуба, која е и наша загуба. Засекогаш во тага – напишаа во порака по која повеќе не зборуваа во јавноста, ниту испратија извинување.

ИМОТ СО КОЈ РАСПОЛАГААТ

Таткото: стан во Белград, деловен простор, автомобил;

Мајката: неколку станови во Белград, гаражи.

Министерот Братислав Гашиќ: Не го користеле стрелиштето на БИА

Министерот за полиција Братислав Гашиќ демантираше дека таткото на момчето психопат го користел стрелиштето на БИА за обука за гаѓање. Гашиќ рече дека на интернет има видеа кои таткото на момчето ги објавил претходно, а на кои се гледа како тие го користат стрелиштето во Белград. Тој рече дека Законот за оружје за сите (околу) 90 стрелишта во Србија предвидува како тие можат да работат и контрола на нивната работа, како и дека понатамошната истрага за работата на стрелиштето што го користеле момчето и неговиот татко е на обвинителството.

– Не е нормално да се носи дете на стрелиште на 12 години. Не е точно дека таткото го однел детето на стрелиштето на BIA – изјави Гашиќ.

ОУ „Владислав Рибникар“: Сменет е училишниот одбор

Сменет е училишниот одбор на ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, а назначен е привремен орган на управување од пет члена, кој досега одржа една седница.

Имено, увидот за вонреден надзор започна на 22 мај, додека на 29 мај, воспитно-образовниот одбор соопшти дека надзорот е завршен и дека е предложено директорката на училиштето Снежана Кнежевиќ и училишниот одбор кој раководи со училиштето да бидат разрешени од должността.

Сепак, сè уште не е назначен в.д. Исто така, дополнително е наредено да се покрене дисциплинска постапка против педагогот, психологот и секретарот на училиштето, што значи дека ќе бидат суспендирани до завршување на постапката.