„Мајка ми му беше љубовница“: Шокантно признание на бившата на Биковиќ

Руската актерка Аглаја Тарасова еднаш откри дека нејзиното тогашно момче Милош Биковиќ и нејзината мајка Ксенија Рапапорт се запознале за прв пат на снимањето на филмот „Митови“, каде што играле љубовници.

Актерката Аглаја Тарасова е во центарот на скандал, бидејќи е уапсена за поседување дрога на аеродромот во Москва. 

Во една прилика, таа раскажа како се запознале нејзината мајка и тогашниот партнер 
Милош Биковиќ .

Ксенија Рапапорт доби улога во истиот филм во кој играше нашиот познат актер. Така се случи таа да биде партнерка на Милош Биковиќ и да ја игра неговата љубовница, ни помалку ни повеќе.

– Милош и јас сме во врска долго време и во еден момент беше логично да го запознаам моето момче со мајка ми. Сепак, никогаш не успеавме да го најдеме вистинскиот момент –   рече Аглаја.

Токму тогаш, ситуацијата доби неочекуван пресврт, Биковиќ ја доби веста дека ќе глуми во филмот „Митови“ со нејзината мајка.

– Бев шокирана кога Милош ми кажа дека од сите актери во филмот, мајка ми ја игра неговата љубовница и дека ќе има една жешка сцена – откри актерката.

Аглаја додаде дека редовно одела на снимањето на филмот за да ги следи настаните, но дека, сосема случајно, била отсутна на денот кога се снимала спорната сцена. Тогаш Милош Биковиќ и Ксенија Рапапорт се сретнале за прв пат, пред камерите, во кревет.

Биковиќ не сакаше детално да ги коментира овие наводи, но за „Информер“ потврди дека тој и Ксенија играле љубовници во филмот и дека сцената постои, нагласувајќи дека тоа е чисто професионална обврска.