Една жена е уапсена во округот Кејп Меј, Њу Џерси, поради наводна употреба на кучешки ланец со електричен шок врз своето дете, соопшти локалното обвинителство.
“Полицијата на Њу Џерси започна истрага на 17 март, откако дете дошло на училиште со видливи повреди на телото. Истрагата утврдила дека повредите биле предизвикани од кучешки синџир со електричен шок”, соопшти обвинителството на Кејп Меј, пренесува Sky News.
Мајката на детето, 30-годишната Кимберли Круз-Фелисијано, беше уапсена и обвинета за тешка злоупотреба, загрозување на благосостојбата на детето, манипулација на сведоци и други поврзани обвиненија.
Круз-Фелисијано е обвинета дека му се заканувала на детето со дополнително насилство доколку некому каже дека користела јака за кучиња со електричен шокер.
Уапсената Кимберли Круз-Фелисијано моментално се наоѓа во притворниот центар Кејп Меј, каде што го чека почетокот на судењето.