МАЈКА МОНСТРУМ – Си ги убила сопствените деца бидејќи мислела дека тие се ‘зомбиња’! Им ги отсекла рацете и ги запалила во имотот на нејзиниот нов сопруг – јавноста во шок (фото)
Започна судењето на мајката Лори Волоу за убиството на нејзините две деца, кое се поврзува и со смртта на сопругата на нејзиниот сегашен сопруг.
Лори Волоу Дејбел, наречена и како „мајка од пеколот“, беше обвинета заедно со нејзиниот партнер Чад Дејбел за убиство на Тајли Рајан (16 г.), Џошуа Вол (7 г.) и сопругата на нејзиниот поранешен споруг, Тами Дејбел.
Во судот во Ајдахо таа изјавила дека била вмешана во култ предводен од нејзиното тогашно момче, Чад Дејбел, кој бил опседнат со судниот ден и пишувал за второто доаѓање на Исус Христос, демоните и апокалипсата, пишува British Metro.
Откако семејството се преселило во куќата на нејзиниот партнер, се станало чудно, вклучително и тоа што децата ги прогласиле за „зомби“ и мислеле дека се опседнати од зли духови и дека треба да бидат убиени.
Обвинителите ги прегледаа фотографиите на останките на децата, синот и ќерката, кои беа пронајдени закопани на имотот на Чад Дејбел во јуни 2020 година. На Тајли Рајан (16 г.) и ги отсекле рацете, додека нејзиниот брат Џошуа Волоу (7 г.) бил пронајден врзан со селотејп лента.
Детективот Реј Хермосило се потсетил на ужасното откритие во јуни 2020 година, девет месеци откако последен пат биле видени децата во јавноста. Судот објави фотографии од местото на злосторството од посмртните останки на децата додека тие биле внимателно отстранети од имотот. Една фотографија покажува дека синот бил пронајден во црвени пижами и излепен со селотејп што му ја покрива устата, рацете и стапалата.
На другата фотографија, истражителите моежеле да ги видат јагленосаните останки на Тајла во зелена кофа што се стопила за време на пожар што требало да го уништи нејзиното тело.
Детективот кажал дека мирисот бил толку неподнослив што форензичарите можеле да работат само неколку минути на местото на настанот.
„Смрдеата беше толку силна што моравме наизменично да копаме“, изјавил тој.
Во судницата биле присутни и бабата и дедото на децата, кои ги пријавиле како исчезнат во 2019 година, откако со месеци не се слушнале со нив. За време на сведочењето, дедото лупал и викал од седиштето во судницата. Тој и сопругата Кеј Вудкок биле блиски со нејзините внуци и станале загрижени во 2019 година откако сè потешко можеле да дојдат во контакт со децата. Кеј побарала од полицијата да ги провери децата во ноември, и токму тогаш властите откриле дека и двете деца се исчезнати.
Лори исто така е обвинета и за заговор односно убиство на новата сопруга на нејзиниот поранешен сопруг.
Обвинителот Блејк кажал дека Лори купила венчални прстени за себе и за Дејбел на почетокот на 2019 година, додека децата на „жената од пеколот“ се уште биле живи. Тие се венчале на плажа на Хаваи две недели откако Дејбел објавил дека ја нашол неговата нова сопруга Тами мртва во кревет.
Лори, исто така, чека судење за нејзината наводна улога во заговорот за убиство на нејзиниот четврти сопруг, Чарлс Волоу.