Иако мајката на 14-годишникот ги следела сите негови уреди за да го заштити од порнографија, тој сепак нашол начин да пристапи до содржината.
Минатото лето, тинејџер од Канзас пронашол стар лаптоп во плакарот на неговата мајка кој не бил користен подолго време, но сè уште бил функционален. Додека неговата мајка не била во близина, 14-годишникот ја искористил ситуацијата и го користел компјутерот за пребарување на интернет, но и за пристап до порнографски страници.
Дознавањето дека нејзиниот син имал пристап до порнографска содржина ја шокирало мајката, која многу се трудела да не биде изложена на голотија, т.е. сексуални фотографии и видеа. Имено, таа верува дека изложеноста на таква содржина е многу штетна за некој што штотуку влегол во тинејџерските години и е во важна фаза од својот живот. Таа постојано ги следела сите негови уреди и се обидувала да не дојде во контакт со порнографска содржина, па затоа не е тешко да се разбере колку непријатно била изненадена кога сфатила дека тинејџерот нашол начин да ја задоволи својата љубопитност.
Тешка траума
Поради фактот што нејзиниот син гледал таква содржина, таа одлучила да ги тужи порнографските веб-страници до кои пристапувал 14-годишникот. Имено, Канзас е една од државите каде што страниците со содржини за возрасни можат да ја потврдат возраста на луѓето што пристапуваат до нив. Поточно, ако некоја од страниците има повеќе од 25 проценти содржина што е штетна за малолетници, што вклучува голотија и сексуална содржина, тие страници мора да имаат и некаков метод на верификација.
Доколку тие страници користеле таков метод, нејзиниот син немаше да може да пристапи до нив. Затоа, нејзините адвокати поднесоа тужба во нејзино име, како и во име на нејзиниот син, против „Чатурбејт“, „Џеркмејт“, „Тајтан вебсистејс“ и „Текпумп солушнс“, која е позната и како „Суперпорн.ком“. Иако една од тие страници користи механизам за верификација на возраста, во тужбата се тврди дека механизмот на Chaturbate лесно се манипулира, па затоа во суштина не ја исполнува својата цел.
Последиците по здравјето на момчето, барем според тужбата, се доста сериозни и можеме само да се прашуваме до каква содржина пристапувал. Имено, поради гледање порнографска содржина, момчето претрпело не само болка и страдање, туку и инвалидитет, обезличување на лицето, психолошки повреди и губење на уживањето и задоволството во животот. Од обвинетите се бара да ги покријат трошоците за мината и идна медицинска нега и лекување за тие повреди.