Мајка снимена како го продава синот (2), полицијата ја фатила со многу пари: „Сакала да почне бизнис“
При апсењето кај 19-годишната жена полицајците пронашле околу 22.400 евра, односно 19.000 фунти.
Млада мајка од Украина се обидела да го продаде својот двегодишен син за голема сума пари, но за среќа била фатена и приведена во полиција.
При апсењето кај 19-годишната полицајците пронашле околу 22.400 евра. Според нејзиното сведочење, со тие пари сакала да започне нов бизнис.
Полицијата открила куп банкноти кои ги зеле при примопредавањето кое било организирано во градот Днипро.
Жената се соочува со казна затвор до 15 години доколку биде осудена за трговија со деца.
„Таа не сакаше да се грижи за својот син, па реши да го продаде и со парите да отвори свој бизнис. Се обиде да го продаде детето на нејзин познаник. Во договореното време дојде на местото на средбата, при што била уапсена додека ги примала парите“, информираат од полицијата.
Момчето е згрижено и предадено на социјалната служба во Украина.
„ Лекарите сега се грижат за момчето “, се вели во официјалното соопштение.
На сликите се гледа како жената е врзана со лисици и одведена во полициско возило на чекање по нејзиното апсење, а таа ќе биде задржана во притвор од 60 дена до понатамошна истрага.
Извештаите не прецизираа каков тип на бизнис има намера да отвори.
„Злосторството е документирано од полициските одделенија на миграциската полиција и Одделот за истраги на Националната полиција во реонот на Днепар во соработка со Одделот за криминалистичка анализа“, соопштија од полицијата.
Идентитетот на осомничениот и купувачот не се соопштени.