Мајка со синот се крие во скривалиште по масовните напади: Пристигнуваат израелски специјалци, погледнете ја реакцијата кога сфатила дека се спасени (фото/видео)
Израелските одбранбени сили (ИДФ), како што е официјалното име на армијата на земјата, на својот официјален профил на социјалната мрежа Х објавија видео од спасувањето на мајката која се заклучила во засолниште со својот син.
Тие беа затворени таму додека членовите на палестинската екстремистичка организација Хамас извршија масакри на југот на Израел за време на ненадејниот упад од Појасот Газа минатата сабота.
На видеото на ИДФ се гледа како припадниците на специјалната единица „Окец“ доаѓаат во засолништето и се обидуваат да ја убедат жената дека тоа е израелската војска и дека може да им го отвори.
– Ние сме ИДФ, ние сме ИДФ. Сè е во ред – велат специјалците.
Повторуваат дека сè е во ред бидејќи жената срамежливо го отклучува засолништето и ce фаќа за глава.
– Има ли некој друг со тебе? – ja прашаа специјалните службеници.
Жената одговорила дека таму е и нејзиниот син и дека нема никој никој друг, а откако војниците влегле во скривалиштето, го видее и момчето зад мајката, која била многу вознемирена.