‘МАЈКА-ХЕРОЈ!’ – 7-годишно момче паднало од брод, а неговата мајка скокнала да го спаси по што починале! Хорор на Балтичкото Море – никој не видел што се случило ?!
Жена од Полска и нејзиниот 7-годишен син загинале кога паднале од траект во Балтичкото Море кој патувал од Шведска за Полска, објавија претходниот ден тамошните медиуми.
Шведските власти во четвртокот соопштија дека детето паднало од траектот и дека мајката скокнала за да го спаси. Тие биле извлечени од морето со хеликоптер и префрлени итно во шведска болница.
„За жал, утринава добивме информација од шведска страна дека оваа страшна вест мораме да ја пренесеме на семејството бидејќи и момчето и жената се мртви“, изјавил портпаролот на полицијата, Мариуш Циарка.
Шведската полиција не можела веднаш да потврди дека мајката и момчето починале, а од болницата не сакале да коментираат. Шведскиот траект „Stena Spirit“ бил на половина пат до Гдиња во Полска кога се случила несреќата. Не се знае како и зошто паднало детето.
„Во моментов немаме информации дали тоа се случило поради дефект на траектот“, изјавила за TVN24 портпаролката бродот и додала: „Работиме со полицијата и другите надлежни органи за расветлување на причините и околностите за овој инцидент“.
Шведската полиција преку полската медиумска агенција PAP ги повика полските патници на траектот да се јават доколку знаат нешто за тоа како се случила несреќата.