Мајки на своите ќерки им ги чистеле вошките со средство за чистење овци: Примени во болница поради труење, една од нив на апарати а другите…

Полицијата во Романија го истражува труењето на три девојчиња, од кои едното е во критична состојба.

Имено, три девојчиња синоќа биле примени во болница откако покажале знаци на сериозно труење, проследено со повраќање и губење на свестта.

Девојчињата на возраст од 12 и 13 години се задржани во болницата во Дева, додека осумгодишното девојче во критична состојба е префрлено во Темишвар , каде што е интубирано и приклучено на механичка вентилација.

Романската полиција

Првите резултати од истрагата покажуваат дека девојчињата ги отруле своите мајки кои се обиделе да ги ослободат од вошките, миејќи ги главите со средство за уништување на паразитите кај овците .

Романската полиција околу два часот утрово добила повик од болница и ѝ било кажано дека се донесени три девојчиња со јасни знаци на труење од непозната материја.

– При истрагата било утврдено дека девојчињата биле во стан во Орашти, а две жени, мајки на малолетните девојчиња сакале да ги ослободат од вошките и да им стават средство за овци на главите – соопшти изворот од истрагата.