Мајкл Даглас за борбата со ракот: „Поради операцијата би можел да изгубам половина од вилицата, не сакам да умрам“
Мајкл Даглас вели дека поради рак на грлото, не снимил ништо од 2022 година и дека нема намера да се врати на глумата освен ако нема значајна улога што вреди за неговиот труд.
Легендарниот актер и продуцент, Мајкл Даглас , моментално е на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде што ја претстави реставрираната верзија на класикот „Лет над кукавичкото гнездо“, во режија на Милош Форман.
Даглас дојде да присуствува на педесетгодишнината од објавувањето на овој иконски филм кој освои пет Оскари, вклучувајќи ги и оние за најдобар филм, најдобар режисер и најдобар глумец (Џек Николсон). Мајкл беше продуцент на филмот.
За време на разговорот со новинарите, тој се осврна и на неговата борба со ракот на грлото и неговото враќање пред камерите.
– Четвртата фаза на ракот е без одмор. Операцијата би значела дека повеќе не би можел да зборувам и би изгубил дел од вилицата, што би ме ограничило како актер. За среќа, хемотерапијата и зрачењето помогнаа – откри тој, додавајќи дека намерно не снимал ништо од 2022 година:

– Работев речиси 60 години без престан. Не сакав да бидам еден од оние што умираат на снимање. Не сум официјално пензиониран. Ако се појави нешто посебно, можеби ќе се вратам. Но, во спротивно, не …