Американската технолошка компанија Мајкрософт повторно стана највредната компанија во светот бидејќи Епл падна на второто место по големите загуби.
Моменталната пазарна вредност на Мајкрософт е 2,64 милијарди долари, а на Епл 2,59 милијарди долари, објавено е на порталот Трејдинг Вју.
На крајот од вчерашното тргување на американската берза акциите на Мајкрософт паднаа за 0,92 отсто, но падот на акциите на Епл беше значително повисок и изнесуваше 4,98 отсто.
Акциите на Епл паднаа за дури 23 отсто во изминатите четири трговски сесии.
Епл е многу ранлив на трговскиот конфликт меѓу Вашингтон и Пекинг бидејќи значителен дел од неговото производство се наоѓа во Кина, која се соочува со американски царини од 104 проценти.
Компанијата има производство и во Индија, Виетнам и Тајланд, но и овие земји се под напад на реципрочните царини на Трамп.
Аналитичарите предвидуваат дека Епл најверојатно ќе мора да ги зголеми цените на своите производи или самиот да ги покрие дополнителните трошоци.
Експертите од швајцарската УБС проценуваат дека врвниот ИјФон на Епл, кој моментално се продава за 1.199 долари, би можел да поскапе за околу 30 отсто или приближно 350 долари поради новите тарифи.